За нас
Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република Северна Македонија е формирана со одлука на УО при СКСМ во 2022 ра година и претставува единствена национална асоцијација на туроператори и туристички агенции во Република Северна Македонија чии членки остваруваат над 90% од вкупниот организиран туристички промет во земјата.
Во Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република Северна Македонија (НАТТА) членуваат 131 членка во чиј состав е вклучена професионална и активна членска мрежа на туристички агенции, која поддржува развој на лојална конкуренција и унапредување на стандардот на услугите, но и заштита на правата и интересите на крајниот корисник.
НАТТА тесно соработува со своите членки потпомагајќи ги нивните напори за достигнување на неопходните стандарди, но и ги претставува и штити правата и интересите на своите членови, помагајќи да се решат проблемите кои произлегуваат при дејноста во склад со законските решенија.
Националната асоцијација како авторитетна професионална структура во своите работни тела третира тековни прашања,но и предлага долгорочни политики и стратегии за унапредување на дејноста.
Мисијата на Асоцијацијата е да помогне во создавање на потребните услови за развој конкурентна туристичка индустрија во која членките ќе ги уживаат придобивките од членството преку компетентна поддршка при решавање на проблеми од дејноста и добивање соодветна заштита на нивните интереси пред владата и другите институции.