Hero Image

Стани член на NATTA

Регистирај се и стани член на Национална Асоцијација на Туроператори и Туристички Агенции

Дознај повеќе

ПРИДОБИВКИ ОД ЧЛЕНСТВО

Асоцијацијата ќе ги овозможи следниве придобивки за членките:

  • Стручна помош и обука –преку работилници каде ќе бидат презентирани информации за позитивните меѓународни практитки и стандарди во туризмот.
  • Подигање на свесноста преку објавување информации и анализи за тековните случувања во македонскиот и меѓународниот туризам и извештаи за активностите на работните групи на Асоцијацијата.
  • Во своите програмски активности ќе вклучува вебинари, обуки поврзани со даночни политики, дигитален маркетинг, здраје и безбедност, потоа соработка со високообразовните установи итн.
  • Асоцијацијата во соработка со Стопанската комора на Република Северна Македонија предвидува учества на национални и меѓународни саеми за туризам, промовирајќи ги активностите на своите членови со цел да се воспостават корисни деловни контакти меѓу членовите на Асоцијацијата други меѓународни организации во туризмот
  • Секој член на Асоцијацијата ќе има можност да биде присутен со сите свои детали за контакт и својата понуда на веб-страницата на Асоцијацијата со линк до нејзината веб-страница.
  • Стекнување со беџ за квалитет.
  • Бесплатни правни совети за сите законски решенија преку упатства, состаноци и ажурирања на информации на интернет.
  • Стручните лица на Асоцијацијата стојат на услуга да одговорат на сите прашања на членките за низа теми од прашања поврзани со данок, до обуки, продажба и маркетинг.
  • Помош при решавање на спорови помагајќи компаниите и клиентите да ги решат споровите без трошоци во вонсудско решение.
  • Лобирање кај институциите и носителите на одлуки во Владата со цел да ги разбираат потребите на нашата индустрија.

Помеѓу другите активности предмет на работа на Асоцијацијата ќе биде и:

  • Можност за организација на настани според потребите на членството
  • Обезбедување на туристички информативни услуги;
  • Meѓународна соработка;
  • Издавање списанија;
  • Консултации за деловно работење и управување;
  • Истражување на пазарот;
  • Други издавачки активности;
  • Инициjaтиви и предлози за законски измени во делот на туристичката дејност итн.